Хако Витанов, македонец си ја уби сопругата во Италија

ВИДЕО | Братот на поранешниот македонски конзул во Италија ја убил сопругата: „Дојдете, ја убив жена ми“

Хако Витанов, брат на поранешниот конзул на Македонија во Италија Стојан Витанов, ја убил својата 56-годишна сопруга Милена Витанова во стан на периферијата на Пјаченца, каде живееле со своите деца.

Како што известуваат италијанските медиуми, тој бил пронајден во близина на градските гробишта од страна на карабињерите додека се обидувал да си го одземе животот. Целиот инцидент, кој се случил во работничка населба во градот, сè уште го истражуваат карабињерите на покраинската команда на Пјаченца, координирани од Јавното обвинителство. Тие мора да го идентификуваат мотивот и да ги разјаснат околностите на злосторството, кое очигледно е извршено со нож и најверојатно произлегува од длабоки семејни конфликти.

Самиот маж се јавил на 112, околу 15 часот и 30 минути вчера.

-Дојдете, ја убив жена ми, му рекол на операторот за итни случаи преку телефон.

Спасувачите брзо стигнале до зградата каде што македонското семејство живеело на шестиот кат. Службеникот за итни случаи чекал да пристигнат карабинерите и пожарникарите пред да влезе. Вратата од станот била заклучена, а се стравувало дека мажот бил забарикадиран внатре, веројатно вооружен. Карабинерите успеале да влезат, со голема претпазливост, низ прозорец: веднаш го пронашле телото на жената како лежи во дневната соба со крвава дамка на задниот дел од главата и нож во близина на нејзиното тело.

Сепак, во куќата немало никаква трага од Хако Витанов. Откако службите за итни случаи во Пјаченца ја потврдиле смртта на 56-годишната Милена Витанова, карабинерите почнале потрага по нејзиниот сопруг осомничен за убиството.

Според италијанските медиуми, тој ги придружувал двете деца (имал вкупно 4) кај чичко кој живеел во близина. Жртвата имала видливи траги на насилство рацете, веројатно во обид за одбрана, но обдукцијата ќе ги открие сите околности.

Откако почнала потрагата, карабинерите го лоцирале Хако Витанов неколку часа подоцна на гробиштата Виа Каорсана во Пјаченца, каде се обидел да си ги пресече зглобовите. Според првичните извештаи, мажот се обидел да стигне до гробот на својот син, кој почина во сообраќајна несреќа пред неколку години заедно со ќерката на Стојан Витанов.

Бил запрен на време, лекуван, а потоа однесен во полициската станица на испрашување. Куќата оттогаш е со забрана за пристап и опколена од полицијата.

Двајца братучеди од Македонија загинаа во Италија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот