Фото: EPA/FRIEDEMANN VOGEL

ВИДЕО | Борусија Дортмунд во 96 минута до триумф над Ст. Паули

Фудбалерите на Борусија Дортмунд денеска го победија тимот на Ст. Паули со 3:2 дома во 18 коло од Бундеслигата.

Јулијан Брант му донесе водство на Дортмунд со гол во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме, а Карим Адејеми го зголеми водството со гол во 54 минута.

Џејмс Сендс го намали водството на Дортмунд со гол во 62 минута, а Рики-Џејд Џонс израмни за Сент Паули со гол во 72 минута.

Емре Џан го постигна победничкиот гол за Дортмунд од пенал во шестата минута од судиското продолжение на второто полувреме.

Борусија Дортмунд е втора на табелата во германскиот шампионат со 39 бода, осум бода заостанување и натпревар помалку во однос на првопласираниот Баерн Минхен, додека Ст. Паули е на последното 18 место со 12 бода.

Борусија Дортмунд ќе игра на гости против Унион Берлин во следното коло, додека Ст. Паули ќе го пречека градскиот ривал ХСВ во Хамбург.

Во другите денешни мечеви: Келн – Мајнц 2:1, Хамбургер СВ – Борусија Менхенгладбах 0:0, Хофенхајм – Баер Леверкузен 1:0, Волфсбург – Хајденхајм 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот