Фото: Твитер

ВИДЕО: Бомбардирана околината на болницата Ал-Кудс во Газа каде се згрижени 14 000 раселени жени и деца

Израелските авиони ја бомбардираат околината на болницата Ал-Кудс во Газа, пренесуваат дел од светските медиуми.

Инаку во болницата Ал-Кудс во Газа, се сместени 14.000 раселени цивили, од кои повеќето се деца и жени.

Извештаите на палестинската Црвена полумесечина за заканите за евакуација на болницата Ал Кудс во Газа се длабоко загрижувачки, рече денес шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус, јави Анадолија.

„Повторуваме – невозможно е да се евакуираат болници полни со пациенти без да се загрозат нивните животи“, напиша Гебрејесус на X.

Додаде дека здравството секогаш мора да биде заштитено со меѓународното хуманитарно право.

Претходно, палестинската Црвена полумесечина објави дека израелските сили се заканиле со бомбардирање на болницата Ал Кудс во Газа и побарале нејзино итно евакуирање, како и дека утринава е погодено подрачјето околу болницата.

„Израелските сили се заканија дека ќе ја бомбардираат болницата Кудс во Газа и побараа од нас веднаш да ја евакуираме. Подрачјето околу болницата е погодено утрово“, соопшти палестинската Црвена полумесечина.

Болницата во Газа двапати добила повик за евакуација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот