ВИДЕО | Бојчев: Најголемиот „лузер“ – Илон Маск!

Коментар со Борјан Бојчев/ Фото Слободен печат

Извршниот директор на Твитер, милијардерот Илон Маск, повторно се најде на насловните страни на најпознатите американски медиуми. Како и во претходни објави, така и сега, причината беше во негативен аспект. Според податоците на „Блумберг“, Илон Маск е човекот кој загуби најмногу пари во 2022 година. Подоцна, Гинисовата книга на рекорди објави дека Маск всушност е човекот кој во една година загубил најмногу пари во историјата. Тоа беше причината медиумите да го опишат Маск како „најголемиот лузер“.

Иако тој нема да осиромаши премногу и понатаму ќе ужива во раскошен живот, уште еден удар беше и фактот што тој веќе не е најбогат човек во светот. Таа титула сега припаѓа на Бернард Арно, шефот на луксузната групација ЛМВХ. Според „Форбс“, тој „тежи“ 185,1 милијарди долари.

Причини поради кои Маск загуби толкава сума на пари се неколку. Падот на акциите на „Тесла“, големата цена која ја плати за да го купи „Твитер“, како и политиките на таа социјална мрежа, кои беа осудени од многумина, можат да се наведат само како едни од главните причини.

Некогаш гледан како човек кој ќе биде клучен во напредокот на човештвото, Маск сега го исмејуваат и веќе не го гледаат како генијалец.

Ковид политиката на „Твитер“, која дозволува да се споделуваат секакви информации во врска со пандемијата, исто така беше критикувана од страна на експертите. Тие велат дека со таа одлука, сега ќе може на платформата да се шират разни дезинформации и лажни вести поврзани со коронавирусот. Иако Маск се ангажираше за слободата на говорот на „Твитер“, засега нема некој посериозен план за исплнување на неговите ветувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот