ВИДЕО | Бојчев: Кој е Ендру Тејт, кој се најде на сите насловни страници во светските медиуми?

Ендру Тејт/ Фото TWITTER / Planet / Profimedia

На насловните страни на сите светски медиуми во изминатиов период се појави контроверзниот Ендру Тејт, поранешен светски првак во кикбокс, кој беше уапсен во главниот град на Романија, Букурешт.

Под обвинение за трговија со луѓе и сексуално насилство, Тејт најпрво ја стекна славата на социјалните мрежи како човек со контроверзни ставови.

Неговите мизогинистички и шовинистички ставови често се осудувани од страна на активистите и корисниците на социјалните мрежи, но тој ужива и доста голема популарност.

Тој со познатата активистка Грета Тунберг размени серија „твитови“ во кои се пофали дека има еден куп возила кои се штетни за животната средина. Кутијата од пицата на снимката на која Тејт се обрати кон Тунберг, на еден начин го издаде Тејт на полицијата.

Кога беше уапсен од специјалците, Тејт пред камерите на неговиот дом изјави дека за неговото апсење е виновен „матриксот“. Тој се обидува на еден начин да направи притисок врз властите, како што тоа го прават добро познатите Алекс Џонс или Едвард Сноуден, ширејќи ги своите ставови на поткасти и емисии кои се гледани од стотици илјади луѓе.

Тој гостуваше и на емисија кај познатиот британски водител Пирс Морган, кој претхдно неколку пати јавно го критикуваше Тејт и неговите ставови.

Романските власти го ослободија Тејт откако помина неколку часа во полициската станица. Тој се соочува со неколку обвиненија за силување од страна на девојките кои работеле за него.

Тој заедно со неговиот брат започнале бизнис во кој наоѓале девојки кои потоа ги терале да снимаат различни порнографски содржини и потоа ги продавале на интернетот, а целата заработка одела кај нив. На социјалните мрежи се појавија и вознемирувачки снимки од него како ги малтретира девојките, за кои тој тврдеше дека се извадени од контекст и дека девојките биле однапред договорени со него за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот