ВИДЕО: Бодо ја комплетираше сензацијата во Лигата на шампионите – го победи Интер и во Милано
Норвешкиот Бодо Глимт вечерва приреди сензација и уште еднаш го победи Интер сега во Милано за со вкупни 5-2 да го елиминира лидерот во Серија А. Во Норвешка Бодо победи со 3-1, а вчерва на гости во Италија беше подобар со 2-1.
Препорачано
Во првото полувреме домаќините го диктираа темпото и создадоа неколку зрели шанси преку Пјотр Зиелински и Давиде Фратези, но голманот на гостите беше сигурен на голот. Норвежаните трпеливо се бранеа, чекајќи ја својата шанса од контранапад.
Клучните моменти дојдоа во вториот дел. Во 58. минута Јенс Петтер Хауге ја искористи големата грешка на Мануел Аканџи и одбиената топка ја претвори во водство за гостите. Интер тргна по израмнување, но 14 минути подоцна, Хакон Евјен по една контра се погрижи за 2-0. Алесандро Бастони во 76. минута само го ублажи поразот на „нераѕурите“ и постигна гол кој не значеше ништо за гостите.
За Бодо Глимт ова е најголемиот успех во историјата на клубот и едно од најголемите изненадувања во елитното натпреварување, додека Интер, кој беше финалист лани, го завршува европскиот сон многу порано од очекуваното.
Во преостанатите два натпревари во истиот термин Њукасл уште еднаш го победи Карабах, а Баер Леверкузен одигра реми против Олимпијакос на домашен терен (0-0) кое му беше доволно за осминафинале.
ВИДЕО: Сорлот со хет-трик го водеше Атлетико Мадрид до осминафинале во ЛШ


