ВИДЕО | Битољану: Стрип културата кај нас има потенцијал но треба да се поддржи

Владимир Битољану/Фото: Слободен печат

Издавачот „Бункер“, во рамките на едицијата „Апсолутни почетници“, ги издаде петтиот и шестиот графички романи „Вавилон Берлин“ од Арне Јиш и „Пјонгјанг – Патување низ Северна Кореја“, од канадскиот автор и цртач Ги Делил.

Според „Вавилон Берлин“е снимена истоимената телевизиска хит серија – најскапа од неанглиско говорно подрачје. Приказната во стрипот се случува во Берлин во 1929 година, време на политички превирања, улични борби, илегални ноќни клубови… Кога младиот и амбициозен инспектор Рат, на своја рака, започнува истрага на убиство, наидува на отпор од сите страни. Тој ќе биде вовлечен во мрежа на измама, корупција и потрага по руско злато.

Графички роман „Пјонгјанг – Патување низ Северна Кореја“ е патепис во кој авторот открива многу повеќе за културата и животот на земјата каде владее единствената светска комунистичка династија, одошто неговите домаќини посакуваа. Неговите духовити и зајадливи забелешки за животот под строгиот режим се темелот на овој стрип.

Двете книги се преведени на македонски јазик и нивнито објавување било поддржано од Министерството за култура, а „Вавилон Берлин“ и од Град Скопје.

Како што вели издавачот Владимир Битољану за Утрински брифинг на последниот конкурс на Град Скопје за проекти од култура, нивниот проект бил одбиен.

„Конкуриравме на конкурсот на Град Скопје, изминатите години имавме делумен успех, а на овој последниот не добивме ништо и тоа не е проблем. Но она што мене ми боде очи и мислам дека е чекор назад е тоа што самиот процес беше доста нетранспарентен. Прво да април чекавме да се објават резултатите, тоа е една четвртина измината од тековната година а луѓето мора да ги планираат проектите што ги работат. И второ, добивме некој мејл пред да се објават резулатите, со некоја бирократска формулација во кој што не беше укажано ни што сме згрешиле, ниту дали има простор нешто да поправиме во иднина, на крајот на краиштата дали е во интерес на Градот Скопје да поддржува вакви проекти, бидејќи културата е широк поим, а парите се можеби недоволнни, меѓутоа тешко е кога ќе налетате на таков бирократски ѕид и не знаете каде сте згрешиле а сте потроѓиле многу труд и време“, вели Битољану.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот