ВИДЕО Билјана Бејкова: Општините штедат, но не знаат каде „тераат“

Билјана Бејкова - директорка на НВО Инфоцентар / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Општините штедат енергија, но не вложуваат доволно во обновливи извори на енергија со што трајно би го решиле проблемот со скапата струја, вели Билјна Бејкова од НВО Инфоцентарот, презентирајќи го извештајот што нејзината невладина организација го објави, како резултат на следењето на работата на општините во Македонија.

– Направивме мониторинг на 7 општини, не би сакала јавноста да добие погрешен впечаток па да мисли дека имаме увид во сите општини во Македонија, но имаме информации. Бевме потикнати од препораките на владата за штедење на електрична енергија, сакавме да видиме што се случува таму и факт е дека преземаат мерки. Но тоа што се забележува е дека општините немаат стратешки приод и кон она што значи енергетска ефикасност и кон она што значи зелена транзиција – вели Бејкова, која беше наш соговорник во „Утрински печат“.

Таа потенцира дека граѓаните најголемите придобивки од инвестирањето во зелената енергија можат да имаат најмногу на локално ниво, но засега само државата барем декларативно се занимава со обновливи извори на енергија.

Бејкова говореше и за мониторингот на работата на општинските инспекциски служби, кои имаат големи проблеми за функционирање, бидејќи се недоволно екипирани, но и се во зависна позиција во однос на градоначалниците.

Целото интервју со Билјана Бејкова погледнете го на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот