ВИДЕО: Бикот самотник Мишко правеше проблеми и го убија, на селаните сега им е жал
Бикот Мишко, кој со месеци им правеше проблеми на жителите на хрватското село Грачац, влегуваше по дворови и уништуваше имот, бил усмртен од надлежните, јавија хрватските медиуми. Одлуката ја донеле полицијата и ветеринарната инспекција на Државниот инспекторат откако утврдиле дека животното е опасно за луѓето, пишува „Нет.хр“.
Препорачано
Откако приказната за агресивниот бик стигна до медиумите, надлежните служби излегоа на терен, по пријава од жители на Грачац. Утврдено е дека бикот, кој бил без сопственик, претставува опасност за луѓето и нивните имоти. Врз основа на Законот за заштита на животните и Законот за општата управна постапка, по итна постапка му е одредена мерката усмртување, пишува порталот.
Жителите шокирани: „Не ни беше тоа намерата“
Одлуката да се усмрти бикот била спроведена веднаш при увидот во вторникот, па Мишко не го дочекал утрото во Грачац. Ваквиот исход ги изненади жителите кои пријавиле. Иако поради бикот тие трпеа штета, сепак велат дека не очекувале таков крај и дека тоа не било нивна намера.
Против поранешниот сопственик на животното, кој не се грижел за него, ќе биде поведена прекршочна постапка.
Семејството Микиќ од Грачац во последните девет месеци петпати викало полиција. Бикот уништил пет овошни дрвја и им го оштетил новиот автомобил. Последно во понеделникот, тој Вчера кутнал една круша и расфрлал земја, бил агресивен и предизвикал страв кај членовите на семејството
„Па, кога ќе почне да ручa – тој доаѓа, ништо не можеш, бегаш, подобро бегај кај знаеш“, вели жена од семејството Микиќ.


