ВИДЕО: Без победник во француското дерби

Дербито помеѓу Олимпик Лион и ПСЖ заврши без победник/ фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Дербито на 20. коло од француската Лига 1 помеѓу Олимпик Лион и ПСЖ заврши без победник 1:1.
И двете екипи настапија ослабени, посебно ПСЖ кај кого недостасуваа Меси, Нејмар, Ди Марија, Хакими…

Во нивно отсуство, домашниот тим поведе уше во осмата минута преку Лукаш Пакета.
По примениот гол, „светците“ ја презедоа иницијативата, ја имаа контролата на топката и во првиот дел Килијан Мбапе ја погоди стативата, но предноста на Лион остана.

Во второто полувреме и двете екипи имаа свои шанси, а својата шанса ја искористи ПСЖ кој во 76 минута преку Тимо Керер постигна гол за израмнување.

По 20 коло, ПСЖ останува лидер на табелата со 47 бода, 11 повеќе од второпласираната Ница, додека Лион се наоѓа на 11 место со 25 бода, но има и натпревар помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот