ВИДЕО: Бензема и Мбапе за прва титула на Франција во Лигата на нации

Карим Бензема и Килијан Мбапе за победнички пресврт против Шпанија/Милано, Италија/10 октомври 2021/Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Вечерва на „Сан Сиро“ во Милано репрезентацијата на Франција во финалето од плеј-офот во УЕФА Лигата на нациите со резултат 2:1 ја совлада Шпанија.

Немаше голови после првото полувреме, далеку од нивото од кое се очекуваше од двете квалитетни селекции, само еден момент се одвои како интересен во 32 минута.

Шпанците бараа пенал поради играње со рака од Жил Кунде, но после консултацијата со ВАР собата, англискиот судија Ентони Тејлор одлучи да не покаже до белата точка.

И вториот дел не беше многу привлечен сè до 64 минута Тео Ернандез испрати „бомба“ кон шпанскиот гол, но ја погоди пречката. Следуваше казна на спротивната страна, „црвената фурија“ реализираше во контранапад кој со гол го круниса Микел Ојарзабал.

Но, нивната радост траеше само за момент, бидејќи само што тргнаа од центарот Французите дојдоа до израмнување со еден еврогол за 1:1 се погрижи Карим Бензема. Целосниот пресврт се случи во 80 минута преку Килијан Мбапе, напаѓачот на ПСЖ после асистенцијата на Ернандез излезе како победник во дуелот со голманот Унаи Симон.

Интересно, немаше реакција од ВАР собата од каде стигна потврда нема офсајд, но доколку се погледне подобро очигледно Мбапе се наоѓаше во недозволена позиција.

Ова беше прв трофеј за „триколорите“ во ова натпреварување, а претходно во борбата за третото место Италија беше подобра од Белгија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот