ВИДЕО | Бекам стана електричар: Викторија сподели видео од разголениот сопруг додека менува сијалици

Фото: Притнскрин / Инстаграм

Откако претходното видео од Дејвид Бекам како поправа телевизор во долна облека ги зафати социјалните мрежи, Викторија повторно ги „почести“ своите следбеници на Инстаграм со уште едно разголено издание на „Дејвид електричарот“.

Имено, на видеото може да се види Дејвид како се качува по скала за да менува сијалици, додека е без кошула. Викторија му вели да изгледа добро.

„Електричарот се врати. Среќен петок, повелете!“, напиша таа покрај видеото и рече: .

Очигледно нејзините следбеници биле прилично благодарни за ваквата содржина на нејзиниот профил и напишале: „Бог да те благослови тебе и твоите видеа“; „Викторија им го дава на луѓето тоа што го бараат“; „Ти благодариме за дадените услуги“.

Да потсетиме, модната дизајнерка претходно споделуваше ваква содржина на својот профил, а на фановите на Дејвид особено им се допадна објавата што таа ја сподели претходно каде тој го поправа телевизорот во боксерите. Викторија ја искористи приликата и ја овековечи со фотографија која ја сподели со своите фанови. Исто така, таа во една пригода објави видео каде нејзиниот сопруг вежба.

ФОТО | Дејвид Бекам полугол поправа телевизор: Компанијата „Самсунг“ веднаш се огласи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот