ВИДЕО | Бајден со нов „гаф“ стана популарен на социјалните мрежи

Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

Седумдесет и девет годишниот американски претседател Џо Бајден не престанува да ја изненадува светската јавност со своите помалку „чудни“ потези односно гафови. Последен од низата „испади“ на Бајден кој привлече огромно внимание на социјалните мрежи и медиумите е направен по одржаниот негов говор во Гринсборо, Северна Каролина, кога Бајден се сврте и ја подаде раката како да се ракува, но до него немаше никој.

На видеото од настанот се гледа како Бајден го завршува својот говор во Гринсборо, Северна Каролина, се врти, навидум кажува нешто и имитира ракување. Потоа збунето гледа наоколу, ѝ врти грб на публиката и заминува.

Американскиот претседател Џо Бајден периодов стана голема интернет сензација и предмет на потсмев ширум светот поради неговото необјасниво однесување, наведуваат медиумите.

Политичките противници на Бајден во исто време го протолкуваа гестот како најнова епизода на очигледна конфузија, која, според нив, ја покажал во неколку наврати за време на неговиот мандат.

Ричард Гренел, поранешен американски амбасадор во Германија и вршител на должноста директор на националната разузнавачка служба во администрацијата на Трамп, го нарече момент на „слабост“ што го гледа целиот свет.

Слично како и Гренел и републиканската конгресменка Марџори Тејлор-Грин реагираше бурно.

„Нашиот претседател се обиде да се ракува буквално со никого. Неверојатно срамно! Тој владее со нашата земја. Доста е!” напиша таа на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот