Фото; FC Bayern München

ВИДЕО | Баерн со спектакуларен пресврт славеше против Мајнц

Фудбалерите на Баерн Минхен приредија вистинска драма и покажаа зошто важат за шампионски тим, откако од негатива од три гола успеаја да направат целосен пресврт и да слават со 4-3 на гостувањето кај Мајнц.

Домашниот состав имаше фантастично прво полувреме и на пауза замина со убедливи 3-0 благодарение на погодоците на Кор, Небел и Беренс. Сепак, второто полувреме донесе сосема поинаква слика на теренот. Баварците тргнаа офанзивно, а сигналот за враќање во игра го даде Николас Џексон. Возбудата дополнително се засили кога Мајкл Олис намали на 2-3 во 73. минута.

Баерн продолжи да притиска, што резултираше со израмнување преку Џамал Мусиала во 80. минута. Само неколку моменти подоцна, Хери Кејн го комплетираше неверојатниот камбек и ги постави конечните 4-3, носејќи му нови три бода на својот тим.

Во останатите натпревари, Баер Леверкузен дојде до важна победа на гостувањето кај Келн (2-1), каде двоен стрелец беше Патрик Шик, со што тимот се доближи до позициите што водат во Лигата на шампионите. Хајденхајм славеше против Сент Паули со 2-0, Аугзбург и Ајнтрахт Франкфурт одиграа нерешено 1-1, додека дуелот меѓу Волфсбург и Борусија Менхенгладбах заврши без погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот