Фото: EPA/FILIP SINGER

ВИДЕО | Баерн со „петарда“ во мрежата на Лајпциг во Бундес лигата

Уште една победа за фудбалерите на Баерн Минхен за чекор поблиску кон нова титула во најсилното германско првенство. Денеска баварскиот гигант убедливо на гостински терен со 5:1 триумфираше над Лајпциг.

Домаќините први дојдоа во водство, Нуса беше на левата страна и веднаш ја испрати топката во празниот простор кон Раум, кој со остар центаршут го пронајде Кардоза за 1:0.

И покрај негативата на паузата, Баерн направи целосен пресврт во второто полувреме. Во 51 минута Упамекано успеа да ја украде топката, ја испрати до Гнабри, кој рутински постигна гол за 1:1.

Лајпциг играше како во првото полувреме, но Баерн беше тој што го подигна нивото на играта во продолжението и се појавија шанси на двете страни. Откако домашните ја промашија својата, следеше нов шок за нив.

Олисе, кој влезе во игра во второто полувреме, одлично помина покрај десната страна, ја испрати топката во средината каде што беше Хари Кејн, кој немаше потешкотии да го совлада Гулаши за 2:1.

Баерн константно се закануваше, беше поопасен, вистинскиот на кој сме навикнати од почетокот на сезоната. Во 83 минута по центаршутот на Олисе, Џонатан Та постигна гол со глава за 3:1.

Во следниот напад на Баерн видовме нов гол, беше 85 минута кога Олисе запиша уште една асистенција, а Павловиќ беше на вистинското место за да постигне гол (4:1).

Лајпциг целосно застана во последните 10 минути, а Баерн тоа го казни преку Олисе кој уште еднаш покажа дека е фантастичен играч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот