ВИДЕО | Баерн со осум гола во второто полувреме го торпедираше Дармштад, Кејн погоди од половина терен

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Баерн Минхен во еден чуден натпревар со три црвени картони го совлада Дармштад со 8:0.

Во првото полувреме не видовме голови, но затоа имаше три црвени картони. Домаќините уште во четвртата минута останаа без Џошуа Кимих, а веќе во 21. минута силите беа израмнети бидејќи на албанскиот фудбалер Гјасула му беше покажан патот кон соблекувалната.

На пет минтуи пред паузата исклучување заработи и Маглица, па Баерн доби играчка предност која знаеше како да ја искористи.

Второто полувреме беше вистински гол-шоу на домаќините кои во 45 минути осум пати ја погодија противничката мрежа. Хет-трик постигна Кејн кој успеа да погоди и од половина терен при резултат 4:0, по два гола постигнаа Сане и Мусиала, а во листата на стрелци се запиша и Милер.

Во останатите натпревари кои се играа денес Аугусбург го победи Волфсбург со 3:2, Менхенгладбах беше подобар од Хајденхам со 2:1, Хофенхајм на гости славеше против Штутгарт со 2:3 и Вердер дома го совлада Унион Берлин со 2:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот