ВИДЕО | Баерн броеше до осум против Волфсбург во Бундес лигата
Фудбалерите на Баерн Минхен ја продолжија доминацијата сезонава во најсилното германско првенство и сигурно чекорат кон нова титула во својата клупска историја.
Препорачано
Денеска во рамките од 16 коло во Бундес лигата на домашен терен со резултат 8:1 го декласираа составот на Волфсбург за вкупно 14 победа во првенството.
Баерн дојде во водство по автоголот на Фишер во петтата минута, а гостите успеаја да израмнат во 13 минута преку Пејчиновиќ.
Во 30 минута баварскиот гигант се врати во позитива благодарение на погодокот на Дијаз во 30 минута од натпреварот.
Гол серијата на домаќините продолжи во второто полувреме во кое постигнаа дури шест гола.
Најпрвин во 50 минута за 3:1 се погрижи Олисе, а само 180 секунди подоцна автогол си постигна Јенц.
Во 68 минута за 5:1 стрелаше Гереиро, веднаш во следниот напад Кејн се запиша во листата на стрелците за 6.1.
Олисе дојде до својот втор гол на мечот во 76 минута, а конечниот епилог го постави Горецка во 88 минута по асистенцијата на Та.
Баерн кој останува единствениот без пораз е на врвот на табелата со 44 бодови, 11 повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд. Волфсбург кој го претрпе деветтиот пораз е на 14 позиција со 15 бодови.


