ВИДЕО | Бачовска Недиќ: Главниот генератор на состојбата во новинарството е големата политичка поларизираност на медиумите – се тривијализираат важните општествени проблеми

Класичната теротија и класичен одговор на прашањето што е, а што не е вест како да не важи, бидејќи многу се смени таа медиумска околина. Денеска многу тешко поставуваме гранции на она што е медиум во она традиционално значење, медиум кој што може да понесе одговорност за информацијата која што ни ја дава, за точноста на информацијата, така што јас од стручен аспект, како стручна перцепција ќе кажам дека се помалку има вести. Дури и во едно минато кога зад информацијата стоеше одговорност на медиум, уредник, новинар, говоревме дека и тогаш може да се мануипулира со веста – во однос на тоа каква е информативната густина, дали има факто во една информација. Замислете тоа едно време од денешен аспект ни изгледа идеално. Денеска врз основа на стручни перцепции навистина тешшко ни е да кажеме дека имаме вести во една класична смисла на зборот, изјави во Утрински брифинг Јасна Бачовска Недиќ.

Веста е и различно од информација. Веста фактички е пакување на оинформациите и тоа пакување на онформациите често е манипулативно, секој си го прави тоа пакување на информациите како него му одоговра, и во таа смисла можам да кажам дека има многу малку вести. Особено тој проблем се појави со тие нови медимуи, он лајн медиуми кои ги изроди интернетот. Сите оние традиционални медиуми кои постоеа пред интернетот исто така можеме да ги следиме на интернет – тие не се пролем, проблем се оние медиумски форми популарно познати како он лајн медиуми, портали, блогови, социјални мрежи, разни агрегатори, форуми. Тука настанува проблемот. Тоа е еден проблем кој се дискутира и од правен ааспект и од аспект политички, филозовски, како опшштеството да се справи со овие медиуми, бидејќи информациите се многу важни за демократското одлучување, за носење на одлуките – од информациите со кои располага граѓанинот зависи каква одлука ќе донесе, не само како гласач, туку и како потрошувач, пациент, родител. Така што ние сите заедно треба да водиме сметка каква ќе биде структурата на информации во едно општество, вели Бачовска Недиќ.

„Јавноста го бара“ е едно неубаво оправдание. Тоа е тенденцијата на сензационализам. Но наспроти сензационализмот постои еден концепт на медиумска одогорност, медиумска писменост. Ние мора да сфатиме дека медиумите не треба да се однесуваат, односно никогаш не се однесуваат како што бара јавноста, тие формираат јавност. Имаат една длабока едукативна еманципаторска функција, вели Бачовска Недиќ.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот