ВИДЕО | Австралиски пратеник снимен како лежи на тротоар и пцуе: Измешав многу алкохол

Австралиски пратеник снимен како лежи на тротоар / Фото колаж на СП

Актуелниот австралиски пратеник и поранешен вицепремиер Барнаби Џојс се огласи откако се појавија снимки како тој лежи на тротоарот во Канбера и пцуе на својот телефон. Во исто време, расте притисокот врз Националната партија на Австралија да го санкционира својот член.

Гардијан тврди дека Џојс не присуствувал на партискиот состанок на кој се разговарало за инцидентот. Шефот на партијата Дејвид Литлпрауд се очекува да разговара со Џојс подоцна денеска.

Во петокот, Дејли Мејл објави видео од Џојс како лежи на тротоар, како зборува на телефон и изговара непристојни зборови. Џојс призна дека „направил голема грешка“ со мешање на алкохол со лек на рецепт што го земал.

„Јас земам лекови и тие ви велат дека одредени работи може да се случат доколку пиете алкохол, и тие се 100% во право. Не барам сожалување и не барам изговор. Ќе ги прифатам критиките“, рече тој.

Премиерот Ентони Албанезе во петокот рече дека пратеникот Џојс е во „очигледно тешки околности“. Во неделата побара објаснување за настанот.

„Мислам дека и луѓето ќе помислат, каква би била реакцијата доколку некој министер од мојата влада се однесува така? Мислам дека едноставно му треба објаснување што се случило“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот