ВИДЕО | Атовска од Харков, Украина: Силно гранатирање на градот

Кристина Атовска
Кристина Атовска, специјален известувач од Украина на Слободен печат и Утрински брифинг / Утрински брифинг

Вчера заминав од Киев, денес сум во Харков, со две комбиња, едно британско едно германско. Се работи за група малди луѓе кои доставуваат помош во Украина, но нивната идеја е да достават хранат на местата на кои што им е страв да одат другите хуманитарци. Тоа подразбира и на оние луѓе од селата кои што се заглавени на линијата на огнот, но и до војниците кои се наоѓаат во рововите, јавува од Харков, Украина, репортерот на „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“, Кристина Атовска.

-Се наоѓам во населбата во харковскиот регион, Салтифка. Веднаш до нас се наоѓа оној регион северна Салтифка, каде што речиси повеќе и не живеат луѓе бидејќи е буквално срамнет со земја. Сѐ е бомбардирано таму нема една зграда која е останата, вели Атовска во денешниот извештај.

-Инаку пристигнав во Харков точно пред полициски час и не можевме да влеземе во градот, бидејќи градот беше силно бомбардиран. Имавме три до четири обида. Цели четири часа бевме до чек поинтот. Чекавме да престане гранатирањето, но тоа не се случи. Во ниту еден обид не ни дозволија да влеземе ниту со специјалните воени дозволи, ниту со военото лице кое ни придружуваше, известува нашата репортека од Украина.

Проследете го целиот извештај во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот