ВИДЕО: Аталанта по пресврт го исфрли Милан од Купот на Италија

фото: EPA-EFE/DANIEL DAL ZENNARO

Го дознавме и третиот полуфиналист во Купот на Италија, фудбалерите на Аталанта приредија изненадување откако на стадионот „Сан Сиро“ со 2:1 го совладаа Милан.

Најпрвин тренерот на гостите Гасперини доби црвен картон поради приговор кон судиите.

„Росонерите“ дојдоа први водство преку Леао во 45 минута, а непосредно пред паузата клубот од Бергамо израмни со погодокот на Купмејнерс (45+2`).

Холандскиот интернационалец Купмејнерс беше херојот на Аталанта запишувајќи се и по втор пат во листата на стрелците во 59 минута од пенал.

Противник на Аталанта во полуфиналето ќе биде Фиорентина која претходно на пенали ја елиминираше Болоња.

Вториот полуфинален пар во ова натпреварувањето ќе го дознаеме по завршувањето на последниот четвртфинален дуел закажан в четврток меѓу Јувентус и Фросиноне, а победникот ќе игра против Лацио кој ја исфрли Рома на стадионот „Олимпико“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот