Фото: EPA/ABBONDANZA SCURO LEZZI

ВИДЕО | Аталанта го совлада Лече и остана во игра за Лигата на шампионите

Денеска фудбалерите на Аталанта на гостински терен со 3:0 триумфираше над Лече во рамките од 31 коло во најквалитетната италијанска лига.

Водечкиот погодок за гостите беше дело на Скалвини во 29 минута, предноста ја зголеми црногорскиот интернационалец Крстовиќ во 59 минута, а конечниот епилог го постави Распадори во 73 минута.

Аталанта моментно е на седмото место на табелата во Серија А со 63 бодови, пет помалку од четвртото место кое обезбедува учество во Лигата на шампионите, а до крајот на сезоната остануваат уште седум кола.

Пред Лече следува битка за опстанок, моментно е во опасната зона за испаѓање на 18 место со 27 бодови, колку што има и засега „безбедниот“ Кремонезе на 17 позиција.

Во понеделникот се одигра уште еден меч во Серија А, без голови ремизираа екипите на Удинезе и Комо (0:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот