ВИДЕО | Aстон Вила се спасуваше пораз против фенерџијата Шефилд

Фото: Aston Villa FC

Серијата на Астон Вила од 15 победи во низа на „Вила Парк“ вечерва беше прекината од екипата на Шефилд Јунајтед (1:1).

Доминираше тимот од Бирмингем и создаваше многу прилики од самиот почеток на натпреварот, меѓутоа на крајот избраниците на Астон Вила се спасуваа од пораз.

Шефилд изгледаше добро организирано на овој дуел, а Астон Вила мрежата ја затресе преку Бејли по 15 минути игра во вториот дел, меѓутоа тој гол беше поништен по реакција на ВАР поради прекршок над голманот на Шефилд.

Вила сакаше да дојде до трите бода, па констатно напаѓаше, но така и оставаше простор за контра на противникот. Една таква контра фудбалерите на Шефилд претворија во гол во 87. минута и тоа преку Арчер кој е поранешен играч на Астон Вила.

Италијанецот Николо Заниоло не дозволи Астон Вила да биде поразена и погоди со глава во седмата минута од судиското продолжение.

Астон Вила со ова реми пропушти да се искачи на врвот на Премиер лигата барем до утрешниот натпревар помеѓу Ливерпул и Арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот