ВИДЕО | Aстон вила и Фрајбург ќе играат за трофејот во Лига Европа
Астон вила обезбеди место во финалето на Лига Европа откако убедливо го совлада Нотингем со 4-0 во реваншот и со вкупни 4-1 го завери пласманот во борбата за трофејот. Во големото финале англискиот состав ќе игра против Фрајбург, кој по драматичен двомеч ја елиминираше Брага со вкупни 4-3.
Препорачано
Тимот од Бирмингем поведе во финишот на првото полувреме преку Воткинс, а во продолжението целосно доминираше на теренот. Буендија од пенал зголеми на 2-0, по што Мекгин со два гола ја потврди убедливата победа и стави точка на мечот.
Во второто полуфинале, Брага уште на стартот западна во проблеми откако остана со играч помалку по црвен картон во шестата минута. Фрајбург тоа знаеше да го искористи и уште во првото полувреме преку Кублер и Манзамби создаде сигурна предност од 2-0.
Германскиот тим продолжи во ист ритам и во вториот дел, па Кублер со својот втор гол зголеми на 3-0. Брага успеа да намали преку Виктор и накратко да ја врати неизвесноста, но португалскиот состав немаше сили за уште еден погодок што ќе донесеше продолженија.
Финалниот натпревар во Лига Европа е закажан за 20 мај со почеток од 21 часот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5сек
-
9мин
-
31мин
-
41мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


