ВИДЕО | Асани: Секојдневно ги гледаме последиците од кризата кои влијаат и на припадниците на ЛГБТ заедницата – ние не бараме посебни права, туку оние што им следуваат на сите

Не сум изненаден. Лично сум поминал многу пати низ тоа – секогаш луѓето кога се соочуваат со нешто непознато или не се информира доволно за нешто, имаат одбивност, а одбивноста води кон говор на омраза, која и тоа како многу често може да води кон насилство. Луѓето кај нас се водат од толпата – ако еден коментира и шири говор на омраза, сите го следат и не се свесни дека може да предизвикаат насилство. Луѓето треба да гледаат на тоа како успех, за каков вокал се работи, за каков сценски настап. Тоа што Васил го направи, луѓето треба да ја гледаат позитивната страна – Васил успеал, каков и да е, успеал името на нашата држава да се спомнува по светските магазини е огромен успех. Јас му се восхитувам на Васил за храброста, за она што го прави и би сакал да видам повеќе луѓе припадници на зедницата да го прават тоа почесто и да застанат похрабро, изјави во Утрински брифинг Беким Асани, ЛГБТ Јунајтед.

Целиот разговор каде Асани говори за проблемите и предизвиците пред кои е исправена ЛГБТ заедницата погледнете во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот