ВИДЕО: Арсенал гази шампионски, Манчестер јунајтед без голови против Саутемптон

фото: EPA-EFE/Daniel Hambury

Фудбалерите на Арсенал убедливо победија на гостувањето кај Фулам со 0:3 во рамките од 27 коло во Премиер лигата.

Сите дилеми беа решени уште во првото полувреме кога стрелаа Габриел, Мартинели и Одегард, а асистент на сите погодоци беше Тросард.

Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ одигра само без голови (0:0) со Саутемптон. „Црвените ѓаволи“ беа со еден фудбалер помалку од 34 минута кога црвен картон доби Касемиро.

Вест хем ремизираше дома (1:1) против Астон вила, гостите водеа од 17 минута со голот на Воткинс, а израмни Бенрахма од пенал во 26 минута на стадионот во Лондон.

На табелата Арсенал е првопласиран со 66 бодови, пет повеќе од второпласираниот Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот