ВИДЕО | Апсења на границата меѓу Полска и Белорусија : Мигрантитe упаднаа на територијата на Полска, полицијата ги приведе

Мигранти на полско-белоруската граница
Фото: EPA-EFE/MAXIM GUCHEK

Полските безбедносни сили уапсија околу стотина мигранти во текот на ноќта кои се обиделе да ја преминат границата од Белорусија, соопшти полското Министерство за одбрана.

Група од околу 100 мигранти беше уапсена од полските служби“, соопшти Министерството, обвинувајќи ги белоруските сили дека „ги принудуваат мигрантите да фрлаат камења по полските војници за да им го одвлечат вниманието“.

Мигранти на полско-белоруската граница
Употреба на специјална опрема од страна на полските сили врз бегалците на заедничката граница со Белорусија / Фото: EPA-EFE/LEONID SCHEGLOV

Видеото објавено од Министерството за одбрана покажува дека полските војници опкружуваат голема група мигранти групирани во близина на ограда од бодликава жица.

Стотици мигранти кои кампуваа на студот на границата меѓу Белорусија и Полска беа префрлени во блискиот магацин на територијата на Белорусија, а некои се уште имаат надеж дека ќе влезат во Европската унија.

Полската граничарска служба објави видео на Твитер на кое се гледа како белоруските сили ги земаат мигрантите и ги качуваат во автобус со кој ги пренесуваат до граничната линија

Белоруската државна новинска агенција Белта објави дека мигрантите биле преместени во зграда слична на магацин на околу 500 метри од границата, што им дало можност да се одморат во затворени простории по многу денови поминати во шатори.

Мигранти на белоруско-полската граница/ Фото EPA-EFE/RAMIL NASIBULIN/BELTA

Белта наведува дека околу 1.000 мигранти се согласиле да се вселат во зградата во вторник, за да „почекаат да се реши ситуацијата“, а некои од нив рекле дека не планираат да се вратат во матичните земји. Најголем дел од просторот во зградата бил доделен на мигрантите, на кои им била понудена храна, вода, медицинска помош, душеци и перници, наведува агенцијата.

Мигрантите на полско-белоруската граница
Мигрантите на полско-белоруската граница / Фото: EPA-EFE/LEONID SCHEGLOV/ BELTA /

Сепак, некои мигранти одлучиле да останат во камп во близина на границата. Префрлањето во магацинското засолниште се случило откако мигрантите фрлале камења кон полските безбедносни сили, при што биле повредени 12 лица. Полицијата на нападите одговори со водени топови и солзавец.

Варшава ги обвини белоруските сили за поттикнување на конфликтот, додека владата во Минск ги осуди „насилните акции“ на Полска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот