Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Апокалиптични снимки од невремето во Грција – службите во очај се борат со хаосот

Јако невреме ја погоди Грција, а најголеми проблеми бурата донесе во Атика, Лаконија и на Закинтос. Итните служби ги предупредија граѓаните да избегнуваат непотребни патувања и да бидат претпазливи. Училиштата во Атика утре ќе останат затворени по одлука на регионалниот гувернер Никос Хардалијас.

Во подрачјето на Источен Мани и општината Евротас издадени се предупредувања поради свлечишта и обилни врнежи, додека на дел од националниот пат Спарта – Гитео сообраќајот е целосно запрен, откако коловозот на многу места беше поплавен, а движењето привремено се пренасочува преку обиколници.

@fragiskosofficial Δημοσθένους και Σκρα το 2 συντριβάνι #fu #fragiskos ♬ πρωτότυπος ήχος – 🔵 Fragiskos 🎤 🎵💫

„Безбедноста на нашите деца е приоритет за кој не може да се преговара. Одлучуваме врз основа на научни податоци и не ризикуваме“, изјави регионалниот гувернер на Атика, Никос Хардалијас, пренесува „Катимерини“.

На централната улица во Калитеа, по само неколку минути силен дожд, се создаде фонтана на сред пат.

Ходниците на зградите во центарот на Атина се исполнија со вода, а силните надојдени води носат автомобили.

Пристигнуваат силни бури со грмежи

Сепак, она што загрижува е дека утре следува формирање на нов циклон, кој ќе донесе нови обилни врнежи и силни бури со грмежи.

Најсилни врнежи се очекуваат во областа на Егејското Море и на северот од Грција.

Се очекува да паднат нови 100 до 200 литри дожд на квадратен метар, локално и до 300 и повеќе, што се количини кои просечно паѓаат во тек на половина година.

Итните служби се во состојба на готовност и реагираат на повиците од граѓаните онолку колку што можат, со цел да ги санираат сите новонастанати проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот