ВИДЕО | Апокалипса 2021: Морничавите сцени од сериите стануваат реалност

Фото: Промо

Патентот кој Микрософт го регистрираше во САД, а се однесува на комуникацијата со мртвите по нивната смрт, би можело да значи дека епизодите од познатиот серијал „Black Mirror“ се остваруваат.

Микрософт патентираше чат-бот со кој управува вештачка интелигенција, а чија главна задача е да имитира некоја личност, да речеме почината личност.

Во Микрософт замислиле тој чат-бот да функционира во облик на апликација за паметен телефон, а за навистина да работи, потребен му е пристап до голема количина на приватни и чувствителни информации, како разговори со некои лица, со цел вештачката интелигенција да го препознае и научи да го имитира стилот со кој личноста зборувала, пишувала, како и начинот на кој се изразувала. Како главен извор на податоци се споменуваат профилите на социјалните мрежи и апликациите за допишување.

Фото: Јутјуб

Неверојатно, но тоа за првпат е видено во серијалот „Black Mirror“, кој инаку говори за апокалиптични и нерелани сценарија од иднината, но дали се толку нереални останува да видиме.

Станува збор за епизодата „Be Right Back“ која всушност е првата епизода од втората сезона од оваа популарна серија.

Со оглед на тоа дека дигиталната пристапност на интернет и социјалните мрежи е се посилна, на вештачката интелигенција не би требало да и биде тешко да собере доволно информации за создавањето на „виртуелна личност“. Но, се поставува прашањето дали личноста кога ќе почине ќе сака нејзиниот дигитален живот да продолжи да се користи по нејзината смрт.

Фото: Јутјуб

Очигледно е дека доколку оваа апликација навистина се создаде, ќе биде потребно внимателно да се состават правилата за користење. А кој знае, можеби во иднина во нашиот тестамент ќе наведуваме дали сакаме дигитално да разговараме со нашите најмили и откако ќе починеме?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот