ВИДЕОАНКЕТА: Што е среќа и што ве прави среќни?

Среќа/фото:Слободен печат

Што е среќа? Колку ни е потребно за да ја почувствуваме? Некому му е потребно повеќе, некому помалку, некој се радува на ситни нешта, некој само крупни работи го прават среќен.

„Слободен печат“ ги праша граѓаните дали се среќни и што ги прави среќни? Поголемиот број од анкетираните одговорија дека се среќни кога поминуваат време со семејството, па како пример го посочија празничниот период како момент за повеќе слободно време со најблиските.

Најголемата радост чувствуваат кога има принова во семејството, кога им се раѓа дете или внуче.

Еден скопјанец нê насмеа кога на шега кажа дека најмногу се израдувал кога му се родил синот. Бил среќен и ќерката кога му се родила, но повеќе за синот.

-Најголема радост почувствував кога ми се роди синот, тогаш бев пресреќен, добро и ќерката кога се роди, ама синот повеќе, вели низ смеа нашиот соговорник.

Младо момче ни откри дека најголемата среќа ја почувствувал пред некој ден:

-Во истиот ден добив унапредување од работа, возачка дозвола и ми беше роденден, вели тој.

Еден скопјанец рече дека генерално е среќен, но несреќен го прават политичарите.

Целата анкета за среќата погледнете ја во продолжение:

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот