ВИДЕО | Андоновиќ: Србија на крстопат меѓу Русија и Западот

epa06443464 Serbian President Aleksandar Vucic (R) consults with Prime Minister Ana Brnabic (L) during the press conference following the assassination of Oliver Ivanovic in Belgrade, Serbia, 16 January 2018. The former State Secretary for Kosovo and Metohija and a subject of a controversial war crimes trial and retrial, was shot dead in Mitrovica, Kosovo, 16 January 2018, according to media reports. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Новиот состав на српската влада ги предизвика аналитичарите да започнат со шпекулации за тоа во која насока се движи Србија и нејзината политика. Не вклучувањето на кадри од коалиционите српски социјалисти кои важат за традиционалните лобисти на влијанието на Москва во Србија и Балканот, како и неизбирањето на некои од поранешните министри блиски на политиката на Москва, отвори сериозни сомнежи и стравувања, но и го зголеми ризикот за нарушување на традиционално добрите односи со Руската Федерација.

Дополнително на оваа коснтатација доаѓа ако се из анализира составот на новата влада и чистењето на „руските кадри“. Откажувањето на претходно најавената посета на Владимир Путин и потпишувањето на Вашингтонскиот договор очигледно придонесоа за затегнување на односите меѓу двете земји, поради што Москва е сè подалеку од српската владата, анализира белградскиот портал Нова.рс.

– Одлуката на Александар Вучиќ да го намали бројот на министерски места во владата на Србија на коалицискиот партнер од Социјалистичкатапартија на Србија (СПС) на Ивица Дачиќ, од пет на две – Министерството за образование (и вицепремиер) и министерство без ресор, претставува најнов удар за „руските играчи“ во владата на Србија се наведува во текстот на Нова. Во Вашингтонскиот договор, потпишан во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, првиот човек на српската држава учиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти, се наведува дека Белград и Приштина ќе ги диверзифицираат своите енергетски резерви, што е директно отклонување од Русија., сметаат аналитичарите. Со оглед на тоа што Москва и Вашингтон со години се натпреваруваа за влијание врз Балканот, подоцнежната одлука на рускиот претседател Владимир Путин да не дојде во најавената посета на Белград, порталот Нова го толкува како сигнал до српските власти дека постојат проблеми и дека односите повеќе не се „идилични“ како што беа порано.

Недоаѓањето на Путин беше искористено од страна на опозицијата која ја обвини власта и владеачката СНС дека ги нарушува односите со Москва. Српскиот претседател Вучиќ пак се обиде да го оправда откажувањето на посетата на Путин на Белград, како промена на планот, Путин според српските власти , не патувал никаде , бидејки сакал за да го избегне ризикот од евентуално Ковид инфицирање.

Наместо него, во Белград беше најавен шефот на руската дипломатија Лавров, но според последните информации и тој ја одложил посетата откако и самиот бил Ковид позитивен и мораше да замине во самоизолација. Сето ова дополнително ги подгрева шпекулациите за нарушување на односите меѓу Белград и Москва. Не смее да се заборави и дека Русија подолго време и замерува на Србија дека се приближила кон САД но и кон Кина.

Од почетокот на пандемијата на коронавиорусот, српската политика ги интензивираше политичките и пред се, економските односи со Пекинг од каде купуваше репсиратори и медицинска опрема за борба против пандемијата. Но интезивирана беше и воената соработка, односно Србија започна со набавка на кинеска воена опрема, на што Русија не гледаше со големо одобрување. Колку и да Москва и Пекинг се сојузници во натпреварувањето со западните држави и САД, сепак Москва како да го губи влијанието на Балканот.

Самиот претседател Вучиќ пак, како последен аргхумент дека Србија и Москва се во блиски односи, често повтрорува дека Србија и покрај западните притисоци засега одбива да воведе санкции кон Русија. Со губењето на своето влијание во Црна Гора и ставањето на тест на авторитетот врз Србија, се чини дека на Москва и останува последното упроште на своето влијание на Балканот. Тоа е Република Српска и нејзиниот лидер Милорад Додик, кој за потсетување е секогаш добредојден во Москва и кај претседателот Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот