ВИДЕО | Анализа: Груби ја научи максимата на Кисинџер за пријателите и непријателите на САД

Фото: mia.mk

Американскиот Стејт департмент воведе санкции против поранешниот заменик-претседател на Владата на Македонија, Артан Груби и судијата на Апелацискиот суд Енвер Беџети поради нивна вмешаност во корупција.

Според соопштението, Груби и Беџети примале мито со цел да ги поткопаат судските процеси поврзани со кривичната осуда на Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

– Во случајот на Артан Груби, одлично одговара максимата кажана од поранешниот државен секретар на САД, Хенри Кисинџер, кој рекол: не знам што е полошо, да си пријател или непријател на Америка. Груби беше објективно најпријателски настроениот политичар на Македонија кон политиката на САД, а сега заврши на нивната црна листа. Треба да се напомене дека оваа постапка на Стејт департментот нема правно значење во нашиот правосуден систем, но тоа не значи дека не треба да се спроведе истрага. Инспекцијата на Судскиот совет утврди дека судијата од Апелацискиот суд, Енвер Беџети, намерно го држел во фиока случајот „таргет-тврдина“, во кој првообвинет беше Сашо Мијалков. Беџети беше казнет со 20 отсто од платата во период од шест месеци, што е смешна санкција. Американците сега алудираат дека зад тоа стоел Груби и затоа му ставаат санкции на него и на членови од најблиското семејство. Сигурно дека во иднина за Груби нема да има место во раководството на ДУИ, но мислам дека е потребно да се истражат обвинувањата за да се утврди дали тој е виновен или не – вели новинарот на Слободен печат, Срѓан Ивановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот