ВИДЕО | Алекс Прети држи мобилен во рака, а не оружје пред да биде застрелан
Мажот од Минеаполис, кој денеска беше застрелан и убиен од агент на граничната патрола, е идентификуван како Алекс Прети, медицински техничар на одделот за интензивна нега во здравствениот систем на САД, изјавија извори за Си-Ен-Ен.
Препорачано
Но, спротивставените наративи меѓу Министерството за внатрешна безбедност и гувернерот на Минесота Тим Волц уште повеќе го засилуваат гневот на граѓаните кои излегоа на протест на улиците.
Министерството за внатрешна безбедност соопшти дека мажот имал пиштол и „силно се спротивставил“ кога агентите се обиделе да го разоружаат. Гувернерот на Минесота пак Тим Волц, рече дека видеата покажуваат дека таа изјава е „глупост“ и „лагa“. За време на сеопфатната имиграциска акција на администрацијата на Трамп, изјавите на Министерството за безбедност на САД понекогаш беа побиени од видео снимки од очевидци и беа доведувани во прашање на суд.
Во конкретниот случај од досега објавените снимки, се гледа само дека Алекс Прети во раката држи мобилен телефон.
Истражителите на Минесота велат дека федералните службеници го попречуваат нивниот пристап до докази, и покрај барањето на Волц државата да поведе истрага за пукањето. Во меѓувреме, Националната гарда на Минесота ангажира повеќе ресурси додека службениците се подготвуваат за понатамошни немири.
Демонстрантите против ICE веќе маршираа во Минеаполис денес и покрај ниските температури. Властите употребија солзавец за да ја растераат лутата толпа што се соочи со агентите по пукањето.
Полициската управа на Минеаполис, со помош на Националната гарда на Минесота, ќе воспостави привремен периметар од возила во близина на местото на фаталното пукање врз еден човек од Минеаполис утрово, според соопштението од градот.
Периметарот е во интерес на јавната безбедност, се вели во соопштението, а градот ги моли сите демонстранти собрани во областа да ја напуштат. Големи толпи продолжија да се собираат во областа во часовите по пукањето.
ВИДЕО | Федералните агенти убија човек на улица во Минеаполис – второ фатално пукање месецов


