ВИДЕО | Алаѓозовски: „Едно општество за сите“ е политика што треба да остане и кога политичарите се менуваат

Роберт Алаѓозовски, координатор на проектот Едно општество за сите на Владата на РСМ
Роберт Алаѓозовски, координатор на проектот Едно општество за сите на Владата на РСМ / Утрински брифинг

Еден од најважните проекти кои Зоран Заев ги внесе во општеството е „Едно општество за сите“. Се формираше едно широко институционално тело кое беше задолжено да го осмисли и спроведе принципот на стратегијата на тригодишниот план „Едно општество за сите“. Обврска е да се продолжи овој концепт и да се направи нов тригодишен план, вели за Утрински брифинг, Роберт Алаѓозовски, координатор на проектот Едно општество за сите на Владата на РСМ.

-За Едно општество да биде функционално треба свесност кај сите вклучително и кај премиерот и министрите. Ние оценуваме дека овој проект е добро поставен, па оправдано е новата влада да се насочи кон овие ургентни актуелни кризи, вели Алаѓозовски.

Телата за имплементација, а со едно координира вицепремиерот Артан Груби, но учествуваат и други министерства и државни агенции. Ова е мултиполарна концепција, појаснува Алаѓозовски.

-Годинава ќе завршат системските промени, очекуваме да се доделат повеќе средства на институциите да си ги завршат преземените и доделените обврски. Таков пример е Министерството за локална самоуправа кое треба да го доврши концептот на унапредување на локалните комисии на советите, вели Алаѓозовски.

Тој додава дека за сѐ треба политичка волја. Комисии на советите се предвидени во закон, но дали ќе се формираат зависи од самите совети.

За овој проект Едно општество за сите, кој ги опфаќа сите заедници, многу малку се слуша на едно повисоко и академско ниво. Алаѓозовски вели дека сега се работи во училиштата, но и дека годинава се очекува напредок со оглед на тоа што ќе се организира голема меѓународна конференција на невладини и граѓански организации со што се очекуваат добри предлози како што имаше и пред три години кога се промовираше проектот.

Таа идеја за поголемо интегрирање на заедниците во општеството е многу добра за промоција на земјата, оти е голем исчекор споредено и со поголеми земји од Македонија. Алаѓозовски вели дека социјалната инклузија и фактот дека мешовитите општества се подобри од ексклузивните треба да се одржува. Културата и образованието се центарот на овој проект и треба секој нов министер да биде упатуван во целите на Едно општество за сите.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот