ВИДЕО | Ал Наср конечно го дочека вистинскиот Роналдо: „Покер“ на Португалецот за нова историја!

Фото: AlNassrFC

Беше критикуван Роналдо во претходните натпревари, но денес против Ал Вехда Саудијците конечно го дочекаа вистинскиот Роналдо.

Роналдо во победата од 0:4 ги постигна сите четири гола. Првпат мрежата на противникот ја погоди во 21. минута, а веќе 20 минути подоцна следуваше и вториот гол. Двата гола Португалецот ги постигна на сличен начин со втрчување во простор.

Голот за неговиот прв хет-трик во Саудиска Арабија и 61. вкупно во кариерата го постигна во 51. минута од пенал. Десет минути подоцна и четврти пат се запиша во листата на стрелци.

Треба да се истакне дека со овие три гола Роналдо дојде до бројката од 502. гола во првенствата во кои настапувал и така уште еднаш испиша историја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот