Стоунхенџ / Фото: Handout / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Активисти за заштита на животната средина со портокалова боја го испрскаа Стоунхенџ

Двајца активисти за заштита на животната средина од еколошката група „Стоп за нафтата“ (Just Stop Oil) се уапсени денеска откако со спреј го испрскале древниот праисториски споменик Стоунхенџ во Вилтшир, Велика Британија.

Британскиот премиер Риши Сунак го осуди инцидентот и го нарече „срамен вандалски чин“, објави Би-би-си.

Двајцата демонстранти се идентификувани како Ниам Линч, 21-годишен студент од Оксфорд и Рајан Наиду, 73-годишен од Бирмингем, се вели во соопштението на еколошката организација. Групата рече дека бојата е всушност портокалов прашок што „ќе се измие на дожд“.

Инаку, Стоунхенџ е дел од светското наследство на УНЕСКО и е едно од најпосетуваните туристички места во Велика Британија. Организацијата за заштита на животната средина објасни дека го бојадисала споменикот, бидејќи бара од следната влада на Велика Британија да ја запре експлоатацијата на нафта, гас и јаглен до 2030 година.

„Продолжувањето на согорувањето на јаглен, нафта и гас ќе резултира со смрт на милиони. Мораме да се обединиме за да го одбраниме човештвото или да ризикуваме сè“, рекол портпаролот на групата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот