ВИДЕО | „Ако немаш пријател, умри си“ – протест во Битола поради смртта на шестгодишната Јана

„Ако немаш пријател – умри си“, „Партизирано здравство непријател број 1 на здравството“, „Сложни доктори и во петок закопуваат“, „Немаме солзи да ви ги исплачеме гревовите“, „Уште колку здрави деца како Јана треба да умрат?!“, „Купената диплома слугува на народот!“ – ова се само дел од паролите кои се истакнати на битолскиот плоштад „Магнолија“.

Граѓани под мотото „Правда за Јана – Сите сме Јана“ излегоа на мирен протест за да го искажат револтот од случајот со шестгодишната Јана Христовска, која почина во битолската болница пред една недела. Семејството обвинуваше за пропусти во лекувањето на девојчето, но од Државниот здравствен и санитарен инспекторат не најдоа лекарски грешки во случајот.

Таа почина на 22 март откако прими инфузија во Клиничката болница во Битола. Според исказот на родителите, шеќерот потоа ѝ се покачил од 9 на 19 единици и ситуацијата се искомплицирала. Државниот здравствен и санитарен инспекторат соопшти дека немало пропусти во лекувањето и кај девојчето се јавиле проблеми со срцето.

Семејството бара лекарска одговорност за 6-годишното девојче: Ќерка ми Јана почина откако ѝ дадоа гликоза и шеќерот и се крена на 19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот