ВИДЕО: Ајдини и Синани за жестоката предизборна кампања – подготвено ли е Косово за промена на политичката матрица

Во Косово се води кампања пред официјалниот почеток. Таа силно се одвива пред се од годинешниов прв фаворит, движењето „Самоопределување“ на Албин Курти, но тука се Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово… Како и секогаш има жестокост на кампањата, на таа политичка борба.

После Косовска Митровица каде имаше мал инцидент, вчера се случи нешто слично и во Дреница, кој е база на Хашим Тачи и партијата ДПК. Вчера Курти се обиде да направи митинг таму, но беше пречекан со исвиркувања и беше фрлано со јајца и собирот беше прекинат изјави во Утрински брифинг аналитичарот Илир Ајдини.

Според главниот уредник на ТВ Шења, Исмаил Синани кристално јасно е дека Албин Курти не е по некоја случајност на политичката сцена во Косово.

-Тој е повеќе децении активен и секој кој сака да го анализира не треба да трга однекои наши премиси или на некоја друга држава во регионот, туку треба да се концентрира што се случува во Косово, како Курти е роден од политичка гледна точка и како успеал до ден денес. Во Косово се случува една тивка револуција. Кај нас во Северна Македонија таа револуција се случи со некои прислушкувани разговори, донесени од некаде, а до сега никој не кажува од каде се донесени и падна легириметот на таа влада. Значи на некој начин математички пресметано како би требало да изгледа тоа. Од друга страна во Косово тоа почнува од внатре, една идеолошка револуција, затоа што луѓето сакат промени и сфатија дека нема некоја разлика помеѓу ДПК, ДСК или Алијансата на Харадинај. Видоа дека е тоа еден ист ментален склоп со некои мали разлики во ДСК, но матрицата е иста. И сега Косово е подготвено за нова матрица.

Разговорот со Ајдини и Синани погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот