ВИДЕО: Агресивен патник мавал по прозор на авион, барал да се симне откако авионот полетал

Агресивен патник во авион/ Фото Твитер принтскрин

На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види бесен патник како клоца по прозорец на авион кој летал од Пакистан за Дубаи.

Полицијата го уапсила и депортирала мажот откако летот ПК-283 на Пакистанската меѓународна авиокомпанија слетал во Дубаи од Пешавар минатата среда.

На видеото, стјуардесите се обидуваат да го смират патникот кој удира и клоца по седиштата, предизвикувајќи бучава и вознемиреност кај останатите патници.

Тие му рекле да престане – откако претходно тој го оштетил прозорецот со неговиот удар – велејќи му: „Немојте така“.

Според извештаите, патникот почнал да се однесува чудно по полетувањето и инсистирал да се врати во Пакистан.

Но, летот веќе тргнал и патникот станал сè понемирен за време на патувањето.

Патникот почнал да се моли легнат со лицето надолу на патеката, кога требал всушност да седи, предизвикувајќи чудни погледи од другите патници.

Може да се види дека човекот е бос и на двете видеа. Под кошулата имал елек, кој подоцна во летот го извадил.

Откако станал поагресивен, капетанот на летот контактирал со контролорот на летовите во Дубаи за да го предаде човекот на властите.

Обезбедувањето го уапсило патникот по пристигнувањето во Дубаи на 14 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот