ВИДЕО | Адвокатката Персида Отовиќ – Стојановска: Законот за неработна недела ги фаворизира трговците во моловите

ФОТО: Слободен печат/Драган Митревски

Адвокатката Персида Отовиќ – Стојановска алармира за проблем,за кој никој досега ништо не проговорил. А тоа е дека работниците кои работат ноќна смена, треба да добијат надомест за хранарина, како и превоз до работното место.

– Законодавецот има предвидено повисок степен на заштита за работникот, кога е во прашање ноќна работа, од причина што знаеме дека не е исто да се обавува работата преку ден и навечер. Во законот е наведено дека за ноќна работа се смета, кога третина од работно време се одвива навечер, а работодавецот на работникот треба да му обезбеди храна или паричен надоместок. Но треба да се обезбеди и превоз, бидејќи навечер нема јавен превоз – вели адвокатката.

Според неа, законот за неработна недела испадна дека фаворизира одредени трговци, кои сместени во моловите имаат прилика за екстра заработка во текот на неделите.

За жал интервјуто со Персида Отовиќ – Стојановска, беше прекинато поради дојава за бомба во ГТЦ, која за среќа се покажа како лажна.

Целото интервју погледнете го на следниот линк:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот