ВИДЕО | Aдел со новата песна „Easy On Me“ покажа дека ранливоста е најголема сила

Адел

Kако што најави, британската пејачка конечно утрово го објави својот нов сингл „Easy On Me“, а обожавателите ширум светот коментираат на социјалните мрежи дека Адел повторно успеала да ги расплаче откако ја слушнале песната за првпат…

По петгодишна пауза, конечно имаме можност да слушнеме нова песна од Адел. „Easy On Me“ несомнено ќе стане инстант хит и најдобра најава за нејзиниот нов албум насловен „30“.

Ова тврдење е поткрепено со фактот дека за само десет часа од објавувањето на видеото на „YouТube“, повеќе од 17,953,599 прегледи и се вивна на 21-тото место на глобалната трендинг листа.

Воедно, според текстот на песната можеме да заклучиме дека ова е и нејзин личен дневник и приказна за разводот од сопругот Сајмон Конецки со кого има син.

Инаку, како што откри на својот инстаграм-профил, нејзиниот нов албум ќе го види светлото на денот на 19 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот