ВИДЕО | Адамчевски: Протестите во Москва како увертира на односите Русија – САД

Апсењето на Навални беше очекувано. Тој го најави неговото доаѓање неколку денови претходно. Во исто време беше емитуван и документарецот за дворецот на Путин. Во рускиот катастер нема информации за имоти на високите функционери, па така и името на Путин не стои зад дворецот, изјави во Утрински брифинг, новинарот Мирче Адамчевски.

Односите САД – Русија полоши не можат да бидат. Во преден план е Договорот „Старт 3“ за ограничување на нуклеарното оружје. Руско-американски експерти дискутираа за негово продолжување, но до сега не се направи тоа. Бајден побара тој да биде продолжен уште 5 години, траат разговорите и сметам дека со потпишување ќе се релаксираат светските односи. Интересот на САД за човековите права во Русија исто така е голем, но сега после она што се случи во Капитол тешко ќе им оди, вели Адамчевски.

Целиот разговор со новинарот Мирче Адамчевски погледнете го во видеото: 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот