Виц на денот: Облог

Виц на денот
Виц на денот / Фото: Архива на „Слободен печат“

Богат француски производител на вино дошол во некое кафанче во Кавадарци, ставил 5000 евра на масата и рекол:
– Кој може на екс да испие 5 литри вино ќе ги добие парите.
– Јас, рекол Трпе, само да ме почекате 30 минути.
Французинот се согласил. По половина час, се враќа Трпе и за 20 секунди испил 5 литри вино.
Французинот му ги дал парите и го прашал зошто чекал 30 минути за да ги испие 5-те литри вино:
– Пааа… бев до дома да видам дали стварно можам, за да не се брукам пред пријателите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот