ВИ инфлуенсерка добила 500 брачни понуди пред Денот на вљубените
Виртуелна инфлуенсерка создадена со помош на вештачка интелигенција пред Денот на вљубените добила повеќе од 500 понуди за брак – иако всушност не постои во реалниот свет. Со напредокот на ВИ технологијата, станува се потешко да се разликуваат реални фотографии и видеа од дигитално генерирани, а границата помеѓу виртуелниот и реалниот свет станува сѐ потенка.
Препорачано
Виртуелната инфлуенсерка Аика Китти има повеќе од 100.000 следбеници на Инстаграм, а преку платформата Fanvue месечно заработува над 5750 евра.
@aikakittiepeace or victory? What’s it mean? ✌🏼♬ CoMe CoMe KiTtY KiTtY NyAaAa x3 – Jessy ~ 🦄🐥🌸
Нејзината креаторка откри дека пред Денот на вљубените добила повеќе од 500 понуди за дружење – од луксузна шопинг терапија и вечери во скапи ресторани, до романтични патувања во Париз.
„Аика претходно добивала понуди за приватни летови во Дубаи и повици за одмор. Со споделување на нејзиното дигитално патување на Fanvue и Instagram, изградивме лојална база на обожаватели кои сакаат да ја запознаат“, објаснува креаторката.
Иако физички не може да прифати ниту една од понудите, за Денот на вљубените ќе има најмногу работа. Креаторката очекува дека тоа ќе биде најпрометниот ден во годината и планира да работи до 18 часа, да комуницира со публиката и, како што вели, „да им пружи утеха на осамените срца“.
Психолозите предвидуваат дека трендот на парасоцијални односи и барање блискост преку интернет ќе расте со тоа што вештачката интелигенција станува сѐ пореалистична.
„Виртуелните инфлуенсерки можат да изградат голема база на обожаватели преку споделување на својот живот и патувања, исто како и реалните инфлуенсерки“, истакнува портпаролот на Fanvue. „Нашата услуга за допишување е многу популарна, а очекуваме зголемен сообраќај бидејќи многумина Денот на вљубените ќе го поминат онлајн наместо на состанок во реалниот свет.“


