Вежбање на отворено на ниски температури има многу здравствени придобивки: Совети од Јапонците, најдолговечните луѓе на светот

unsplash

Со оглед на долгото периоди поминати во затворени простории, рестрикциите на активности, како и затворањето на многу спортски објекти за многу луѓе претставуваат издувен вентил. Новата реалност ни ги ограничија секојдневните навики. Празниците, колку и да се среќни, може да донесат доза на стрес, особено оваа година, и затоа најдобро е да воведете дневна рутина за да се ослободите од него.

Вежбањето на отворено во постудено време може да звучи одбивно, но всушност е многу здраво и ако верувате на навиките на најдолговечните народи во светот, Јапонците, помага и во продолжување на животот, пишува „Elemental“.

Професорот и директор на лабораторијата на Унивезитетот во Сан Франциско Шинго Кајимура, вели дека Јапонците често вежбаат во зима и веруваат дека тоа ги спречува да одат на лекар, а ова навистина има смисла.

unsplash

Лабораторијата на Кајимура ги истражува метаболичките процеси, енергетскиот баланс и функција на масните клетки во телото. Изложеноста на студ и активности на отворено може да биде корисна од повеќе причини.

Треперењето со кое нашето тело реагира на ниски температури го зголемува согорувањето на калории затоа што станува процес кој троши енергија. Зголеменото согорување на калории помага да се намали телесната тежина, но ова не е единствената причина да се одлучите за, на пример, трчање или брзо одење за време на студените вечери или утра.

Истражувањата покажаа дека поминувањето време надвор, за време на перидоите кога температурите се многу ниски, помага масните клетки од бели (кои се сметаат за нездрави и опасни за организмот) да преминат во беж, кои се метаболички активни и служат како гориво во организмот. Оваа конверзија му помага на телото да се аклиматизира во поладна средина и го зголемува трошењето на енергија и во мирување, т.е. количината на калории што човекот ги троши само со седење или лежење.

unsplash

Беж мастите можат да ги ограничат ненадејните промени во шеќерот на крвта и на тој начин да се борат против дијабетисот. Ова е теорија на која за која се потребни дополнителни докази, но се чини дека е валидна претпоставка.

Топлината не само што ве заморува затоа што повеќе се топиме и стануваме слаби, туку ги намалува и спортските перформанси. Вежбањето само по себе го загрева телото, доколку се собере топлина бидејќи и околината е топла, интензитетот на вежбањето се намалува.

Пониските температури се идеални затоа што телото може да ги посвети сите ресурси на тренингот, наместо да ја регулира температурата што се ослободува во околината и природно го лади телото.

Опасноста што ја носат активностите на ниски температури е главно поврзана со респираторниот систем. Со забрзување на работата на срцето, ни треба повеќе кислород и нашето дишење се забрзува. Ако температурите се многу ниски, што не е честа појава во Медитеранскиот предел, може да се појави чувство на печење и чувство на притисок во градите и чувство на суво грло.

unsplash

Додека трчате или се движите во брзо темпо, покријте ја устата со шал ил имаска и никогаш не влегувајте во загреани простории додека вашиот здив не е врати во нормала. Ако болката станува посилна, забавете, менувајте ги фазите и темпото на брзо одење и бавно трчање додека белите дробови да се прилагодат.

Вежбањето на ниски температури може да биде опасно за луѓето кои страдаат од кардиоваскуларни проблеми. Професорот Кајимура објаснува дека телото, кога е изложено на студ, природно ги стеснува крвните садови, што може да доведе до зголемување на крвниот притисок. Луѓето кои се изложени на ризик од висок крвен притисок не треба да ризикуваат или прво да се консултираат со лекар.

Ако ги заштитувате белите дробови од сув и студен воздух и немате срцеви маани, вежбањето на отворено во зима треба да има многу корисен ефект врз вашето здравје, а ако ги земете предвид предобивките што ќе ги има врз вашето ментално здравје, препорачуваме да започнете уште денес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот