„Ветингот“ прво ќе чисти во УБК, па во МВР

Сите вработени во МВР ќе бидат опфатени со процесот „ветинг“. Ќе се проверуваaт нивнoтo стручно образование, интегритет, имотната состојба и евентуални криминални активности од одредени структури во МВР, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пред почетокот на денешната трибина на тема „ветинг“, по промоцијата на списанието „Безбедност“ во Домот на АРМ во Скопје.

Судството и обинителството, меѓу другите, нагласи Спасовски, треба да имаат интерес за ветинг, со цел да се јакне професионалноста и интегритетот на градење систем што ќе функционира во заштита на државата и на граѓаните и нема да зависи ниту од политиката, ниту од политичарите, туку систем што ќе ја штити правната држава и ќе создава можности за равој.

Прочитајте и...  Полицијата одзеде возило поради сомнение за фалсификување број на шасија

Одговарајќи на новинарско прашање дали е запознат со постоење двојни агенти вработени во МВР, Спасовски одговори дека веќе е почнат процесот на ветинг во Управата за безбедност и контраразузнавање.

– Сакам тоа да го утврдат комисиите. Не е добро претходно да шпекулираме за да бидеме атрактивни во медиумите, туку да се утврди и да се донесат вистинските одлуки – изјави министерот за внатрешни работи.

На прашање што се презема во однос на полициските службеници кои се побогати и од одредени бизнисмени, министерот Спасовски повтори дека се покренати многу постапки кои се однесуваат на фалсификувани дипломи.

– Постојат и многу луѓе кои имаат поголем имот од повеќе бизнисмени кои долги години се занимаваат со бизнис. Токму заради тоа ветинг процесот бара да ги утврди овие факти – изјави меѓу другото министерот Спасовски.

Прочитајте и...  Скопјанец фатен со 10 зипер кесички марихуана

Во однос на препораките од ГРЕКО кои во најголем број се однесуваа на МВР, Спасовски нагласи дека пред две недели во рамки на МВР е формирана работна група која ќе работи на препораките.

Според професорот Никола Дујовски, припадниците на МВР пред се треба да имаат професионален пристап кон работата, а тоа подразбира бескрајно чист процес на селекција, на луѓе кои ќе бидат подготвени обуката врз европски стандарди  за да можат после тоа да се градат во МВР.

– Полицискиот службеник мора да има интегритет, а тоа подразбира отпорност на какви било влијанија што не се предвидени во законите. Мора да има логичен редослед во кариерата и еднаш засекогаш треба да разбереме дека секој полициски службеник односно оној што се одлучил да и служи на државата мора да биде посветен до крај и не би требало да има 20 фирми што му носат промет колку една полициска плата за цело МВР – изјави Дујовски.

Прочитајте и...  Затворски казни за обвинетите Јакимовски и Маџовски за незаконското трошење пари од УБК

Додаде дека ветинг процесот треба да продолжи во јавното обвинителство и судството, но искуствата од  странските земји се многу мали, затоа што, потенцира, во Холандија, Белгија, Франција немало такво загрозување на безбедносниот систем преку класична партизација или непрофесионалноста.

Поврзани вести

Апсење во Чаир, падна дилер на кокаин и хероин

Слободен печат

Приведен 35-годишен маж со шпанска лична карта за трговија со дрога

Слободен печат

Скопјанец однесен во станица, се однесувал агресивно кон полицаец

Слободен печат

Полицијата одзеде возило поради сомнение за фалсификување број на шасија

Слободен печат

Приведено лице барано со потерница

Слободен печат

Скопјанец фатен со 10 зипер кесички марихуана

Слободен печат

Остави Коментар