Веста за апсењето на стоматолозите во Франција стана хит поради полицајката: Приведи ме и мене

Надин Џеласи
Надин Џеласи / Фото: Твитер/ТикТок

Веста за таткото и синот стоматолози од Франција кои беа осудени на затворски казни поради несовесно работење го привлече вниманието на светската јавнсост. Сепак, судејќи според коментарите на социјалните мрежи, причина за тоа повеќе била полицајката која ги привела таткото и синот отколку загриженоста за здравјето на луѓето.

Фотографиите на француската полицајка станаа вирални на социјалните мрежи, а многумина се запрашаа која е атрактивната припадничка на француската полиција. Се чини дека тоа е Надин Џеласи од Ница која моментално работи во полициската станица во Марсеј.

@femmetigresse #police#france#fiere#liberté #égalité #fraternit ♬ Originalton – martenlou

Надин е активна на социјалните мрежи, но само нејзиниот „TikTok“ профил беше отворен за јавноста. Но, француската полицајка реши да ја искористи новостекнатата популарност, па го „отклучи“ својот инстаграм-профил, за еден ден доби 10.000 нови следбеници и повторно го направи „приватен“.

„Приведи ме и мене“, „Ми доаѓа да направам некое кривично дело“, „За неа би отишол на доживотен затвор“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Синот доби осум години затвор, таткото пет

Таткото и синот стоматолози Жан-Клод Карно (71) и Лајонел Гуеџ (42) од Марсеј, Франција, се осудени на затворски казни поради несовесно работење. Синот доби осум години затвор, а таткото пет.

Тие беа прогласени за виновни за осакатување на стотици пациенти во текот на шест години. Судијата изјави дека дуото вовело систематизирани третмани кои ги уништувале животите на луѓето, оставајќи ги без насмевка и во неподнослива болка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот