Веспрем со камата му врати на Еурофарм за поразот во Битола

фото: сеха лига

Ракометарите на Веспрем остварија две убедливи победи во дуелите со македонските екипи, прво во Лигата на шампионите го победија Вардар во Скопје, а денеска пред своите гледачи славеа над Еурофарм со 35:24 во рамките на СЕХА лигата, со што им вратија на битолчани за поразот од првиот меѓусебен дуел.

Ова беше шести пораз на Еурофарм во деветтото коло од СЕХА лигата, со кој остана на четвртото место на табелата во групата Б.

Домаќинот уште од првата минута тргна фуриозно и поведе со 6:0 притоа оставајќи ги ракометарите на Еурофарм без гол цели девет минути со што ги реши дилемите околу победникот.

– Честитки за Веспрем за добриот натпревар. Мора да признаам дека сум разочаран од моите играчи, нивното однесување и тоа е тоа. Не знаевме како да играме против Веспрем, бевме под нивото, тоа е дефинитивно. Затоа сум разочаран, а на спротивната страна, среќен сум затоа што имавме шанса да играме во оваа сала, пред оваа публика и во одлична атмосфера. Чувството беше одлично. Веспрем ја надигра нашата екипа во сите сегменти и им посакувам многу среќа во иднина – изјави Божидар Мојсов, тренерот на Еурофарм.

Најефикасен во Еурофарм беше Петровски со четири погодоци, а по три постигнаа Ојлески, Радовиќ, Јотиќ, Остроушко. Во победничкиот тим Гајиќ и Нилсон запишаа по пет гола, Манасков, Штрлек и Борозан го завршија мечот со по четири погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот