Верстапен во пресрет на Ф1 сезоната: Самите себеси сме си најголема закана

EPA-EFE/Kamran Jebreili

Актуелниот првак во Формула 1 не ги смета толку како закана тимовите на Мерцедес и Ферари туку најмногу се плаши од можните грешки во неговиот тим Ред бул

Макс Верстапен, актуелниот шампион во Формула 1 и возач на Ред бул, смета дека конкуренти да му ја преземат титулата нему и на неговиот тим се тимовите на Ферари и на Мерцедес.

Но, сепак, најголемата закана за Ред бул да не го повтори успехот од минатата сезона доаѓа од можните грешки и слабости во неговиот тим, а не од ривалите.

На прашањето од каде ќе дојдат неговите главни закани, Верстапен одговори:

– Се разбира, од тимовите кои ни се блиски, но мислам и на крајот на денот од нас самите. Мислам дека треба да ги контролираме работите и не можеме да си дозволиме да правиме премногу грешки. Се разбира, ние не сме роботи и сите прават грешки, но се обидувате да го минимизирате тоа.

Холанѓанецот доминираше во 2022 година со 15 победи на трки во текот на сезоната за да постави нов рекорд. Верстапен е фаворит пред стартот на сезоната, откако Ред бул немаше проблеми на претсезонските тестирања во Бахреин.

Ред бул ја брани и титулата во конкуренција на конструктори. Првата трка е викендов во Бахреин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот