Велосипедист нападнат од гризли на Алјаска, начинот на кој се спасил е неверојатен

Гризли на Аласка / Фото EPA/GARY KEMPER

Додека се возел во дивината на Алјаска, велосипедист бил нападнат и каснат од гризли мечка тешка дури 230 килограми, но велосипедистот легнал на земја, викал и удрил толку силно по мечката што на крајот го избркал животното, пишува Гардијан.  

Инцидентот се случи минатиот вторник во Кантвел, во близина на местото каде што се спојуваат реките Џек и Ненана. Според она што мажот и го кажал на полицијата, додека возел велосипед забележал мечка на оддалеченост од 10 до 15 метри како трча кон него. Тој се симнал од велосипедот и почнал да вреска.  

„Непосредно пред да дојде мечката до него, жртвата паднала на грб, ја покрила главата и почнала да вика и да ја удира мечката“, соопшти полицијата.  

Мечката успеала да го касне човекот за ногата веднаш под коленото. Но, по каснувањето, мечката брзо се повлекла и се изгубила во грмушките. Откако мечката го напуштила просторот, велосипедистот се вратил на патот и му се јавил на пријател да го земе.  

Мажот имал огнено оружје со себе, но не пукал. Тој рече дека не забележал ништо необично пред нападот, но рече дека забележал траги од мечка во снегот. Откако бил однесен во болница, му биле санирани повредите и раните кои, за среќа, не биле тешки и не барале дополнително лекување. 

Нападите не се новост 

Според Администрацијата на Националниот парк, нападите на мечки се многу ретки.  

„Секоја мечка и секое искуство со нив е различно. Не постои единствена стратегија која ќе функционира во секоја ситуација и која ви гарантира безбедност. Вашата безбедност може да зависи од вашата способност да ја смирите мечката.“ велат тие.  

Во јули, копач на злато беше спасен од напад на гризли кај реката Касадепага на Алјаска. Ричард Џеси го возел своето семејство кога кон него притрчала мечка и „го превртела како да е играчка“. 

По инцидентот, Џеси рекол: „Нема сомнеж дека мечката сакала да се качи на возилото“.  

Истиот месец, мечка нападнала и убила човек во камп во западна Монтана. Гризли мечките се повеќе ги напаѓаат луѓето во областа на Карпестите планини бидејќи се зголемува бројот на луѓе кои кампуваат и живеат таму. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот